Дома Фудбал Мбапе се повреди, неизвесен е за реваншот со Атлетико

Мбапе се повреди, неизвесен е за реваншот со Атлетико

КИЛИЈАН МБАПЕ е неизвесен за настап во реванш натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите помеѓу Атлетико и Реал.

Реал ќе ја брани предноста од 2:1 од првиот натпревар на гостување кај градскиот ривал, но можно е тоа да го направат без својот најдобар стрелец.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Мбапе за време на натпреварот со Рајо Ваљекано овој викенд, се здоби со удар во зглобот, и денеска ќе помине тестирања за да се утврди дали ќе може да игра против Атлетико. Поради споменатите проблеми со зглобот, Мбапе во понеделникот воопшто не тренираше, додека во вторникот работеше според индивидуална програма.

Мбапе игра одлична дебитантска сезона за Реал Мадрид. Дури е март, а Французинот веќе постигна 29 голови во 42 натпревари и е најдобар стрелец на мадридскиот клуб. Мбапе е исто така на добар пат да стане рекордер на Реал по број на погодоци во дебитантска сезона, бидејќи тековниот рекордер е Иван Заморано кој постигна 37 гола во својата прва сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона има специјален подарок за 18. роденден на Јамал

Каталонскиот фудбалски гигант Барселона реши на симболичен и историски начин да го одбележ…