Претседателот на Бразил, Луис Игнасио Лула да Силва, предизвика жестоки реакции и голема дебата со својата изјава за фудбалската репрезентација на земјата што ја предводи.
Да Силва смета дека во бразилската репрезентација нема место за играчи кои не играат во Европа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Откако Бразил го победи Чиле во квалификациите за Светското првенство во 2026 година, претседателот реши да излезе и да им објасни на луѓето од тамошниот фудбалски сојуз како да си ја завршат работата.
Претседателот истакна дека верува оти играчите кои играат во Европа не се ништо подобри од оние кои играат во домашното првенство.
„Тие што играат во странство не се ништо подобри од оние што играат овде. Долго време се залагав во бразилскиот тим да има играчи кои играат во својата земја. Двајцата играчи кои вчера постигнаа гол настапуваат во бразилското првенство. Мора да им дадеме шанса на играчите кои се тука, а не на гости од странство“, изјави Да Силва.
„Седнав и го гледав натпреварот. Ги препознав само голманот (Едерсон), централниот дефанзивец на ПСЖ ( Маркињос), Родриго и Рафиња, кои ги препознав по нивната коса. Ставете ги играчите кои играат овде во бразилскиот шампионат да играат за репрезентацијата“, додаде претседателот.