Дома Фудбал За оние кои пропуштија: Ремек делото на Бојан Миовски против Ерменија

За оние кои пропуштија: Ремек делото на Бојан Миовски против Ерменија

Македонската фудбалска репрезентација ја совлада Ерменија во Ереван со 2-0 и со трите бодови се зацврсти на првото место во групата.

Првото полувреме беше проблематично за нашиот тим, бидејќи Ерменија имаше шанси и иницијатива, а ние воопшто не бевме опасни, иако постигнавме гол кој беше поништен.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Македонија воспостави контрола врз играта на средина на вториот дел, а откако Дарко Велковски пропушти идеална шанса за гол по слободниот удар на Енис Барди во 70 минута, Миовски набрзо донесе водство, а Алими стави печат на победата.

Македонија се зацврсти на првото место во групата 4 во Ц-дивизијата со 10 бодови, но теоретски не го осигура пласманот во Б-дивизијата, бидејќи во ноември не очекуваат уште два натпревари. Во Скопје ги пречекуваме Летонија и Фарски Острови.

Мајсторијата на Миовски погледнете ја во продолжение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Блескаше на теренот: Алими најдобар против Ерменија!

Репрезентацијата на Македонија зад себе има одличен октомврски циклус во Лигата на Нации в…