Чадорот на европскиот фудбал уште еднаш стави до знаење дека нема толеранција за расизмот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
УЕФА соопшти дека два сектори на стадионот „Курва Норд“ на Лацио (48 и 49) ќе бидат затворени за следниот домашен натпревар на италијанскиот клуб во Лига Европа против Порто на 7 ноември, по расистичкото однесување на некои навивачи на натпреварот против Ница минатата недела.
Лацио е казнет и со 45.000 евра.
Атлетико е казнет со 30.000 евра со една година условна забрана за продажба на билети на своите гостински навивачи за натпреварите од натпреварувањето на УЕФА.
Навивачите на Атлетико покажаа „расистичко/дискриминаторско“ однесување при поразот од Бенфика во Лигата на шампионите со 0-4.