Поранешниот тренер на Баерн, Челзи, Пари Сен Жермен и Борусија Дортмунд Томас Тухел е во преговори со Англиската фудбалска асоцијација за местото тренер на англиските фудбалери.
Герет Саутгејт ја напушти клупата откако Англија беше поразена во финалето на Европското првенство вторпат по ред: во 2021 година Англичаните загубија од Италија во финалето на Вембли, а во јули беа поразен во Берлин од Шпанија (1:2).
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ли Карсли, поранешниот селектор на репрезентацијата на Англија до 21 година, беше назначен за вршител на должноста селектор, но по домашниот пораз од Грција (1:2) во Лигата на нации, беше жестоко критикуван од медиумите.
Тухел, кој со Челзи ја освои Лигата на шампионите во 2021 година, го напушти Баерн на крајот од минатата сезона, откако Баварците не успеаја да освојат трофеј за прв пат по 2012 година.
Како потенцијален селектор на Англија, доколку продолжи неуспешната серија под водство на Карсли, се споменува и Пеп Гвардиола, кој е под договор со Манчестер Сити до крајот на јуни следната година.
Поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп се исклучи себеси од полето на кандидати со тоа што се согласи да ја преземе функцијата прв човек на фудбалот во Ред Бул од јануари.