Фудбалерот на Панатинаикос и на грчката репрезентација Џорџ Балдок (31) вечерва бил пронајден мртов во базенот во својот дом во Атина, јавуваат грчките медиуми.
Балдок е пронајден под вода и немало начин да се спаси, пишуваат грчките медиуми, а деталите за трагедијата се уште не се познати.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, некои од нив почнаа да излегуваат во јавност.
Имено, локални фотографи подигнале дрон за да го фотографираат местото на несреќата, а на него, покрај базенот во кој се удавил Болдок, снимиле и маса со две шишиња.
Грчките медиуми пишуваат дека едното шише е дефинитивно шише со вотка, а другото шише со вода или тоник. Во секој случај, засега нема информации дали Болдок бил во алкохолизирана состојба пред да се удави.
Нема информации дали е сигурно дека се удавил. Снимките од надзорните камери се прегледуваат за да се утврди дали Болдок бил сам кога настапила смртта. На телото немало повреди, па првата претпоставка е дека се удавил, но повеќе детали ќе се знаат по обдукцијата и токсиколошките наоди.