МАРИО БАЛОТЕЛИ (34) е пред враќање во Серија А, пренесува Фабрицио Романо.
Балотели сака повторно да игра во својата татковина, а за неговите услуги е заинтересирана Џенова, чиј тренер Алберто Џилардино веќе стапил во контакт со Балотели. Разговорот помина добро и Џенова работи на финализирање на зделката со искусниот напаѓач.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Балотели моментално е слободен играч откако на крајот од минатата сезона му истече договорот со турскиот прволигаш Адан Демирспор, за кој на 16 натпревари постигна седум гола. Последен пат играше во Италија во сезоната 2020/21, за Монца во Серија Б.
Џенова бара засилување во нападот со оглед на тоа што во првите седум кола од Серија А постигна само пет гола и се наоѓа на 18. место со пет бода.
Контроверзниот напаѓач промени бројни клубови во кариерата. Почна за Интер, а потоа играше за Манчестер Сити, Милан, Ливерпул, Ница, Марсеј, Бреша, Монца, Адана Демирспор (двапати) и Сион.