Дома Фудбал Спектакл во Франкфурт: Драматичен натпревар со пресврти помеѓу Баерн и Ајнтрахт (ВИДЕО)

Спектакл во Франкфурт: Драматичен натпревар со пресврти помеѓу Баерн и Ајнтрахт (ВИДЕО)

Фудбалерите на Баерн се вратија на врвот во Бундеслигата, по драматичното дерби против Ајнтрахт во Франкфурт.

Баерн поведе преку Ким во 15. минута. Но, Ајнтрахт брзо се врати во игра. Во 22. минута Кнауф го пронајде Мармуш, кој беше прецизен и погоди за 1:1, израмнување во Франкфурт.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Во 35. минута Ектике погоди за водство на Ајнтрахт од 2:1. До крајот на првото полувреме, во 38. минута Упамекано погоди за израмнување на 2:2.

Баерн повторно поведе со 3:2 во 53. минута, прецизен беше Олисе. Сепак, Баварците останаа без полн плен бидејќи Мармуш погоди во 94-та за конечни 3:3 и поделба на бодовите во Франкфурт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бербатов: Сите во Манчестер Јунајтед треба да се засрамат!

Продолжуваат критиките на сметка на Манчестер Јунајтед, а откако тоа го направи легендарни…