![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2017/08/valverdeernesto521583020170806132457.png)
Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде изјави дека фудбалерот на неговата екипа Лионел Меси е уморен, после настапот за Аргентина во квалификациите за Светското првенство и дербито против Атлетико Мадрид во Шпанија.
Меси вчера учествуваше во ремито на Барселона против Атлетико во Мадрид (1:1) и тоа му беше четврти цел натпревар во последните 15 дена. Валверде смета дека Меси е уморен, но го пофали Аргентинецот за се што прави за екипата иако не прикажа игра каква што сме навикнати да го гледаме.
Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓
„Се сложувам, Лео е уморен после сите натпревари кои мораше да игра, но сите знаеме дека тој секогаш успева да пронајде одговор за секоја ситуација. Знаеме колку страв внесува кај противничките играчи и навивачи“, изјави Валверде.
Барселона вчера ја прекина низата од седум победи во Примера, но и понатаму е прва на табелата со пет бодови предност во однос на Реал Мадрид.