Aктуелниот шампион на Македонија Струга Трим Лум во моменти кога е во трка за титулата на три кола пред крајот се раздели со тренерот Шпетим Дуро.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Струга објави дека разделбата е во взаемен договор на двете страни. Дуро во клубот пристигна минатиот март и успеа да ја освои титулата по што го водеше тимот и во евро-квалификациите.
На три кола пред крајот Струга на лидерското место има ист број на бодови со Шкендија (58). Но, тие се во полоша форма затоа што забележаа три порази во последните пет натпревари.