
Милан и Рома се заинтересирани за шведскиот репрезентативец и играч од средниот ред на Брајтон, Јасин Ајари, според италијанските медиуми.
Според извори од Тутоспорт и Калчомеркато, Ајари е на радарот на неколку клубови од Серија А. Рома веќе направи обид за трансфер, но без успех, додека Милан сега ја засилува својата заинтересираност за 23-годишниот играч.
Ајари има договор со Брајтон до јуни 2027 година, но англискиот клуб има опција за продолжување на договорот за уште една година. Тоа им дава можност на италијанските клубови да го ангажираат по релативно ниска цена.
Милан го гледа Ајари како потенцијален наследник на Лука Модриќ во средниот ред, каде што Ардон Јашари сè уште не успева да се наметне.
Ајари пристигна во Англија во јануари 2023 година и имаше неколку позајмици во Ковентри и Блекбурн. Оваа сезона има постигнато еден гол во седум натпревари за Брајтон, а неодамна беше стрелец и во победата на Шведска против Полска во Лигата на нации.