Милан започна преговори со голманот Мајк Мењан за продолжување на договорот, пренесуваат италијанските медиуми.
27-годишниот голман започа преговори за обновување на договорот со Милан, кој сака да го награди за добрите партии.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голмани во Европа.
Меѓутоа, двете страни не се блиску до договор бидејќи Мењан бара иста плата како Рафа Леао, односно 7 милиони евра, додека „росонерите“ му нудат 5 милиони евра годишна плата.
Доколку двете страни не најдат заеднички јазик Милан на лето ќе биде спремен да слушне понуди, но не пониски од 70 милиони евра.