Италијанецот Лука Нарди кој го изненади тенискиот свет со големата победа над Новак Ѓоковиќ во третото коло на Индијан Велс доживеа шокантна елиминација на турнирот во Мајами.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Нарди приреди сензација и неговата победа беше едно од најголемите изненадувања во светот на тенисот во последните години. Сепак, настапот го заврши веќе во следната рунда, а во Мајами беше далеку од сензација.
Имено, тој по победата над Ѓоковиќ сигурно со поголеми очекувања отпатува во Мајами, меѓутоа таму не стигна ниту до главната фаза. 20-годишниот тенисер беше елиминиран од Чехот Јакбу Меншик со 2:0 во сетови (6:4 и 6:2).
Ќе потсетиме, Ѓоковиќ го откажа настапот во Мајами со цел да биде подобро подготвен за турнирите на земјена подлога.