Дома Фудбал Италија Влаховиќ доби црвен картон, Јувентус повторно ги разочара навивачите

Влаховиќ доби црвен картон, Јувентус повторно ги разочара навивачите

Фудбалерите на Јувентус и Џенова одиграа 0:0 во натпреварот од 29. коло на Серија А.

„Бјанконерите“ промашија многу прилики на домашен терен. Од 17 удари кон противничкиот гол, само два одеа во рамката од голот, а дури 11 изблокирани. Но, исто така погодија и две стативи.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Ниту 66 отсто посед на топка не помогнаа да ја затресе мрежата на Хосеп Мартинез.

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ не само што не се истакна на овој дуел, туку уште повеќе, во третата минута од судиското надополнување доби два жолти картони. По досуден прекршок над протвиничкиот голман, Влаховиќ ги загуби нервите, па судијата му покажа два жолти картони, еден за прекршокот и еден за реакцијата со што порано беше испратен во соблекуваланта.

Јувентус во овој момент е на второто место со 59 бодови, додека третопласираниот Милан со идентичен број бодови од 15 часот ќе го одигра натпреварот од 29. коло против Верона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Можни се три нови правила во нокаут фазата на Лигата на шампиони?

Лигата на шампиони е најсилното светско клупско фудбалско натпреварување. Европската фудба…