Дома Останати Тенис Мареј испадна од Индијан Велс, па се расправаше со новинарите: Како никој да не ме слуша…

Мареј испадна од Индијан Велс, па се расправаше со новинарите: Како никој да не ме слуша…

Британскиот тенисер Енди Мареј беше елиминиран во второто коло на Мастерсот во Индијан Велс од петтиот играч во светот, Андреј Рубљов со 2:0 во сетови (7:6 и 6:1).

Резултатот до некаде беше и очекуван, а често пати новинарите го прашуваат Британеот за неговиот крај на кариерата и тоа сега го налути.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Се чувствувам како никој да не ме слуша. Мислам дека планирам да завршам на лето. Не знам што повеќе можам, не знам што уште треба да кажам. Ме прашуваат за тоа 18 месеци или така нешто. Очигледно е дека размислувам на тоа, но не сум донел одлука. Како никој да не слуша што зборувам, не разбирам зошто цело време ме прашувате да бидам искрен“, изјави Мареј.

На крајот истакна дека повеќе на таа тема нема да зборува се до моментот кога ќе ја соопшти одлуката.

„Нема да зборувам повеќе за тоа се до моментот кога ќе одлучам да престанам“, заврши Мареј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

„Идол ми е Новак Ѓоковиќ, сакам да освојам многу Гренд слемови“: На само 17 години тенисер сонува да биде најдобар во свет

Францускиот малолетен тенисер Моисе Куаме направи вистинска сензација по првото коло на ту…