Дома Останати Тенис „Со Надал е напорно, Федерер е брз, а Ѓоковиќ е перфектен“

„Со Надал е напорно, Федерер е брз, а Ѓоковиќ е перфектен“

Швајцарскиот тенисер Стен Вавринка ја коментираше „големата тројка“ и ги истакна главните квалитети на Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер.

Имаше успех и во дуелите со нив, како малку други тенисери. 21:6 против Ѓоковиќ, 19:3 против Надал, додека најлошо помина против сонародникот Федерер – 23:3.


Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓


“Ги победив неколку пати, но загубив многу повеќе. Секогаш ми беше добра шанса да играм против најдобрите тенисери во историјата. Дури и кога губев, секогаш ми беше предизвик. Секогаш е посебно да се игра против нив.” .

Вавринка ја освои својата прва Грен слем титула на 29 години.

„Зависи од играчот, од неговата личност. На пример, Карлос Алкараз веќе има освоено Грен слем, беше број еден во светот и освои многу други турнири. Јаник Синер сега освои голем трофеј. Уживам што се уште можам да играм против тенисери од различни генерации и различни стилови. Се чувствувам среќен што можам да го доживеам тоа и очекувам да успеам и да победам некој од новата генерација“.

„Кога бев тинејџер, никогаш не мислев дека ќе можам да освојам се што сум освоил. Никогаш не мислев дека ќе играм тенис на 38-39 години. Секогаш живеев импулсивно и се трудев да бидам подобар тенисер секој ден. Се трудев постојано да напредувам и да гледам до каде можам да стигнам. Не сакав еден ден да жалам што не дадов се од себе“, изјави Вавринка.

Тој во интервју за аргентинските медиуми ги анализираше игрите на славните асови во чија ера играше тенис.

“Сите тројца имаат различни стилови на игра. Рафа е левак, натпреварите со него се исклучително тешки, многу напорни физички. Тешко е и психолошки и физички да се игра против него. Роџер е многу брз, секогаш успева да направи да се чувствуваш непријатно Новак е совршен тенисер поради начинот на кој игра“, истакна Вавринка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

ВАДА ќе ги менува правилата за допинг поради Синер и Швјонтек

Светската антидопинг агенција (ВАДА) донесе одлука да ги промени правилата за тестирање на…