Продолжува низата на шокантни вести за навивачите на Баерн. Откако нивниот клуб доживеа дебакл против ПСЖ и беше избркан тренерот Анчелоти, финансискиот директор на клубот Јан Кристиан Дресен се испука самиот во рака.
Несреќниот Дресен заминал со пријателите на лов во Австрија, а кога се обидел да ја намести пушката на рамо таа испукала и го погодила во шаката.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Хитно бил пренесен во болница каде бил и оперира. Неговата рака е спасена, но лекарите сеуште не се сигурни дали сите прсти ќе му функционираат како претходно.