Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон ќе стартува од пол позицијата во утрешната трка за ГН на Малезија.
Хамилтон најбрзиот круг во квалификациите го премине за минута и 30,076 секунди.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Зад него е Кими Рајконен кој беше само 0,045 побавен, а потоа следуваат Ферштапен, Рикиардо, Ботас и останатите.
Најголемиот конкурент на Хамилтон, Себастијан Фетел од Ферари, се почесто потфрла поради проблемите со моторот и не излезе на стазата.
Трката за ГН на Малезија во Ф1 ќе стартува во недела во 9 часот.
Хамилтон води во генералниот пласман со 263 бодови, 28 повеќе од второпласираниот Фетел.