Наредната недела Новак Ѓоковиќ ќе учествува на турнирот во Париз, а пред овој турнир доживеа мала непријатност.
Имено, Ѓоковиќ требаше да гостува во телевизиска емисија во Франција, меѓутоа тоа нема да се случи. Српскиот тенисер објави дека останал заробен на аеродромот во Белград и се извини на организаторите на емисијата што нема да може да стигне на гостувањето.
EXCLUSIVE❣️@DjokerNole stuck in Belgrade 🇷🇸, at the airport tonight –
— TRAVEL&Sp🎾rts (@travel__Sports) October 27, 2023
sends his apologies to the 🇫🇷 spectators 📺
🔜 @RolexPMasters 🎾 pic.twitter.com/PCgI56nsmm
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ѓоковиќ се огласи преку видео порака соопштувајќи дека се соочил со проблеми.
„Добро вечер на сите. Сакав да направам кратко видео за да се извинам што нема да можам да бидам со вас вечерва. Малку ми е срамота штоа поради авио сообраќајот останав во Белград“, порача Ѓоковиќ преку социјалните мрежи.
Ќе потсетиме, Ѓоковиќ до крајот на годината покрај настапот во Париз, ќе игра на Завршниот мастерс и ќе го облече дресот на Србија на Дејвис Купот.