Дома Фудбал Лига на шампиони Рутински победи за Баерн и Интер🎥

Рутински победи за Баерн и Интер🎥

Баерн Минхен и Интер запишаа рутински, но многу важни победи против Галатсарај односно Салцбург во Лигата на шампиони.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Баварците први дојдоа до водство против Галатасрај и тоа уште во 6-та минута со голот на Коман.

Во 30-та минута судијата досуди пенал за Галатсарај, а Икарди атрактивно со „паненка“ го совлада голманот на Баерн.

Во второто полувреме квалитетот на гостите дојде до израз. Најпрво Хари Кејн во 73-та минута погоди за 1:2, а Мусијала ги постави конечните 1:3.

Интер потешко од очекуваното дојде до победа над Салцбург во Милано со 2:1. Во првиот дел „нероаѕурите“ поведоа со голот на Санчез после една одлична акција.

Во вториот дел Салцбург израмни преку Глок во 57-та минута и имаше уште неколку добри шанси. Меѓутоа, после стартот над Фратези судијата покажа на белата точка, а сигурен реализатор беше Чалханоглу за победа од 2:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Салах остро го нападна Слот

Мохамед Салах испрати остра критика кон менаџерот Арне Слот после поразот од Астон Вила. З…