Дома Македонски спорт Мак фудбал ФК Вардар доби ново игралиште во близина на „СЦ Јане Сандански“

ФК Вардар доби ново игралиште во близина на „СЦ Јане Сандански“

Во близина на „СЦ Јане Сандански“, фудбалскиот клуб Вардар и навивачката група „Комити“ добиваат ново фудбалско игралиште.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Од општина Аеродром инфомираа дека е направена целосна реконструкција на соблекувалните, засадена е нова трева и нов систем за наводнување.

„Вардар е емоција, македонски спортски бренд со кој сите се гордееме, а ние со задоволство го поддржуваме. 

Ветивме поддршка за ФК Вардар и тоа ветување го покажуваме на дело. Во непосредна близина на СЦ „Јане Сандански“, фудбалскиот клуб и навивачката група Комити добиваат ново фудбалско игралиште, каде направивме целосна реконструкција на соблекувалните, засадивме нова трева и поставивме нов систем за наводнување на тревата.

Поддршката за Комити и Вардар доаѓа на моја иницијатива и на иницијатива на претседателот на советот Дејан Митески  и таа соработка ќе продолжи и понатаму, затоа што силен Вардар значи многу за македонскиот спорт и за младите фудбалски таленти кои ќе се градат и создаваат во иднина“, објави градоначалникот на Општината, Тимчо Муцунски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Нешто невидено досега во фудбалот му се случи на Нејмар: Судјата сам го замени среде натпревар!

Денес, Нејмар го одигра веројатно својот последен натпревар во дресот на Сантос. Овој слав…