Дома Фудбал Останато Рекорд: Динамо Загреб летово заработи над 40 милиони евра!

Рекорд: Динамо Загреб летово заработи над 40 милиони евра!

Динамо Загреб летово е најуспешниот хрватски клуб кога станува збор за трансфер пазарот.

„Модрите“ заработиле над 40 милиони евра, а на повидок е и нов трансфер кој ќе донесе и поголема заработка. Последен кој заминува од Динамо е Бруно Петковиќ, турските медиуми пишуваат дека се е договорено тој да стане нов фудбалер на Трабзонспор.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Двата клуба долго време преговараа, а на крајот успеале да пронајдат заеднички јазик. Од Динамо летово Шутало си замина за 20 милиони евра во Ајакс, Ливаковиќ во Фенербахче за 6.6 милиони евра, Иванушевиќ во Фејенорд за девет милиони евра.

Треба да се напомене дека во овие суми не се пресметани бонусите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Терзиќ: Горди сме на помошта за братска Македонија

Звездан Терзиќ, генералниот директор на Црвена Ѕвезда, се обрати на јавноста по хуманитарн…