Синот на познатиот Љупко Петровиќ, Срѓан се огласи по повод медиумските шпекулации за здравствената состојба на својот татко.
Претходно информациите беа дека Петровиќ е во вештачка кома, но сега неговиот син носи добри вести.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
„Тато од ден во ден е се подобро“, изјави младиот Петровиќ, па продолжи:
„Докторите се оптимисти, специјалистичкиот преглед е охрабрувачки и се надеваме на најдоброто. Сепак, процесот на опоравувањето би можел да трае и со месеци“, изјави Срѓан.
Љупко Петровиќ неодамна доживеа сообраќајна несреќа на обиколницата околу Белград кога од непознати причини возеше во спротивната лента и се судри со друг автомобил. По сообраќајката му бил направен алкотест, но алкохол во крвта не бил утврден.