24 годишниот Филип Михаилов од денес и официјално е нов играч на Тиквеш, потврди тимот од Кавадарци на својот Фејсбук профил.
Фудбалерот за врска пристигнува од Австрија каде што настапуваше за тимот на Маршвелд. Дел од австрискиот клуб беше само шест месеци, па очигледно не се снајде и се враќа во македонскиот фудбал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претходно во Македонија настапуваше за Беласица, Академија Пандев, Осогово и Хоризонт Турново.
Инаку, Тиквеш е еден од најактивните клубови на пазарот во овој период и очигледно имаат сериозни амбиции во новата сезона.