Тренерот на фудбалскиот клуб Динамо Загреб, Марио Цвитановиќ бил претепан доцна синоќа пред влезот на зградата во која живее.
Двајца маскирани напаѓачи вооружени со палки го нападнале Цвитановиќ пред влезот на зградата, соопштија од полицијата.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Цвитановиќ се враќал дома по натпреварот од Купот на Хрватска, кога на паркингот пред зградата во која живее го чекале двајцата напаѓачи кои го претепале со палки.
По нападот, Марио Цвитановиќ бил примен во болница. Од нападот тој се здобил со скршеница на подлактицата, а имал и помали повреди на повеќе места.