Дома Фудбал Англија Челзи потроши милиони на нови играчи, а имал играч кој издоминира на СП до 20 години

Челзи потроши милиони на нови играчи, а имал играч кој издоминира на СП до 20 години

Тимот на Челзи зад себе има една од најлошите сезони во историјата, посебно тимот се мачеше во нападот, иако во своите редови имал вистински бисер кој експлодираше на Светското првенство до 20 години.

Станува збор за Италијанецот Чезаре Касадеи за кого Челзи плати 12.8 милиони фунти, плус четири како бонуси на Интер во 2022 година. Касадеи на Светското првенство постигна седум голови, три со глава (од девет удари), запиша една асистенција и имаше 143 успешни додавања во противничкиот шеснаесетникт.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италија заврши втора и го изгуби финалето од Уругвај, но го лансираше Касадеи кој би можел да биде иднината на италијанскиот фудбал. Младиот Италијанец ги освои „Златната топка“ (најдобар играч на турнирот) и „Златната копачка“ (најдобар стрелец).

Ќе потсетиме, Челзи само во јануари потроши над 300 милиони евра на нови играч, додека Касадеи ја помина сезоната на позајмица во Рединг (Чемпионшип), а по ваквиот настап многу веројатно новиот тренер Маурисио Покетино ќе види со што располага на летната турнеја пред почетокот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…