Вечерва се игра финалето во Лигата на шампионите во кое Манчестер Сити ќе се обиде да дојде до својот прв трофеј во најелитното европско натпреварување.
Противник на „граѓаните“ ќе биде Интер кој во минатото трипати го освојуваше ова натпреварување. Интересно е што ова ќе биде вторпат во животот шеикот Менсур да го гледа својот клуб во живо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Откако го презема клубот тој вложи повеќе од една милијарда за да изгради моќен тим, а последен пат го гледаше тимот во 2010 година.
Тогаш Манчестер Сити играше пријателски натпревар во Абу Даби против Ливерпул и тоа беше првпат во живо да ги гледа „граѓаните“. Интересно е што денешниот натпревар за него ќе биде прв кој го гледа откако Гвардиола е на клупата.