Дома Фудбал Италија Ново обвинение против Јувентус за „малверзации со платите“

Ново обвинение против Јувентус за „малверзации со платите“

Италијанскиот гигант Јувентус се соочува со ново тешко обвинение откако Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) покрена обвинение за „малверзации со плати“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Газета дело спорт“ открива дека е покренато обвинение против Јувентус и директорите: Андреа Ањели, Павел Недвед, Фабио Паратичи, Федерико Керубини, Џовани Мана, Пало Моргантти и Стефано Брагин.

Обвинети се дека правеле исплати „под рака“, иако јавно објавуваа дека фудбалерите се откажале од дел од платите поради Ковид пандемијата.

Не е јасно колкава казна ќе добие Јувентус за овој случај, но Обвинителството инсистира пресудата да биде донесена до крајот на јуни.

Потсетуваме, Јувентус ќе ја слушне казната на 22 мај за првото обвинение за финансиски малверзации и се очекува да му бидат одземени 9 бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул понуди 100 милиони евра за Диоманде

Ливерпул се активираше во потрагата по сензацијата на РБ Лајпциг, Јан Диоманде, објавува н…