Дома Фудбал Останато Му пресудија Трајковски и Ал Фехја: Роналдо и друштвото останаа без тренер

Му пресудија Трајковски и Ал Фехја: Роналдо и друштвото останаа без тренер

Руди Гарсија повеќе не е тренер на Ал Наср каде што игра Кристијано Роналдо.

Францускиот стратег доби отказ по ремито со Ал Фехја на Александар Трајковски (0:0). Поранешниот тренер на Лил, Рома, Марсеј и Лион на клупата на Ал Наср стигна во јуни минатата година и во 26 натпревари успеа да победи на 18 натпревари, а забележа уште два нерешени натпревари и два порази.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако Ал Наср се уште е во битка за два трофеи (првенството и Купот) претседателот на клубот Мусали Ал-Муамар одлучи дека е време за разделба.

На седум натпревари до крајот на саудиското првенство, Ал Наср се наоѓа на второто место на табелата заад водечкиот Ал Итихад кој има три бода повеќе.

Засега се уште не е познато кој ќе биде нов тренер на Роналдо и друштвото, а следнот около на 18-ти април го носи и дербито со Ал Хилал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фудбалерот на Челзи изненади со пораката по голот против Тотенхем

Фудбалерите на Челзи вчера го совладаа тимот на Тотенхем со 2:0 во натпреварот од англиска…