Дома Фудбал Англија Сон: Се чувствувам одговорен за отказот на Конте

Сон: Се чувствувам одговорен за отказот на Конте

Ѕвездата на Тотенхем, Сон Хеунг-Мин, призна дека чувствува одговорност за отказот кој го доби Антонио Конте.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Сон, кој има слаба сезона, се чувствува одговорен бидејќи требал да направи „многу повеќе“ оваа сезона.

Сон беше најдобар стрелец во Премиер  лигата минатата сезона со 23 гола и беше најзаслужен што тимот заврши во Топ 4.

„Како играч, многу ми е жал. Тој е тренер од прва класа и нашето заедничко патување беше одлично. Требаше да играм подобро. Се чувствувам одговорен за неговото заминување, бидејќи не му помогнав на клубот толку многу. Благодарен сум за тоа што го направи. Тој е одличен тренер со големо искуство. Ќе навивам за него“, изјави Сон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ова нема да биде само стадион, туку чудо со 135.000 места (Видео)

Виетнам започна еден од најамбициозните спортски проекти во својата историја, чие реализир…