Дома Фудбал Италија Проблем за Милан: Леао сака да биде најплатен во Серија А

Проблем за Милан: Леао сака да биде најплатен во Серија А

Челзи во летниот преоден рок понуди 100 милиони евра за Рафаел Леао, но Милан не сакаше да слушне за продажба на својата ѕвезда.

Леао минатата сезона блесна и беше избран за најдобар фудбалер во Серија А, па неговата цена драстично порасна.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Меѓутоа, Милан ова лето ги одби сите понуди и започна преговори за продолжување на договорот.

Италијанските медиуми пренесуваат дека неговиот агент Жорге Мендеш ја одбил првата понуда на „росонерите“ која изнесувала 4,5 милиони евра по сезона.

Леао бара да биде меѓу најплатените фудбалери во Серија А и нема да прифати понуда помала од 7,5 милиони евра по сезона.

Милан доби нови сопственици па прв проблем кој треба да го решат е секако новиот договор на Леао, бидејќи ќе мора да ги задоволат неговите барања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Англискиот тренер најави заминување: Оваа работа заслужува тренер од светска класа

Привремениот англиски селектор Ли Карсли по победата над Финска (3:1) во Лигата на нации о…