Дома Фудбал Италија Пиоли: Ние сме млад тим и се уште не сме го достигнале максимумот

Пиоли: Ние сме млад тим и се уште не сме го достигнале максимумот

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли истакна дека е задоволен од новите засилувања и дека тимот е спремен за стартот на сезоната.

Италијанскиот шампион утре го пречекува Удинезе во првото коло од новата сезона во Серија А.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Милан е силен, на терен ќе видиме дали сме посилни од минатата сезона. Во очите на фудбалерите го видов истиот дух како минатата сезона и тоа ме тера да мислам позитивно. Ние сме шампиони, но започнуваме од нула утре. Млад тим сме и никој од нас не го достигнал се уште максимумот, верувам дека ќе растеме како тим оваа сезона“, изјави Пиоли.

„Сите се спремни за утрешниот меч, освен Тонали кој е повреден, но добро напредува. Сметам дека доволно го засиливме нападот, имаме комплетен тим, а што се однесува до Де Кетелар, најверојатно мечот ќе го почне од клупата“, откри Пиоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шок за Реал Мадрид: Договорија продажба, па фудбалерот се откажа!

Дани Себаљос беше на чекор до преселба во Олимпик Марсеј, но договорот пропадна. Првично, …