Бостон дојде на една победа од пласман во НБА финалето откако во изминатата вечер го совладаа Мајами со 93:80 за водство од 3:2 во серијата.
Натпреварот Мајами добро го започна, на полувреме и водеше со пет разлика, но одлучувачка беше третата четвртина во која Бостон одигра ефикасно и на високо ниво постигнувајќи 32 поени, двојно повеќе од Мајами. Таа стекната предност во овој период успешно ја одбранија во последната четвртина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најефикасен беше Браун со 25 поени, а Татум кој оствари дабл-дабл од 22 поени, 12 скока и 9 асистенции. Во редовите на Мајами се издвојуваше Адебајо со 18 поени и 10 скока. Џими Батлер од кого многу се очекува во секој натпревар натпреварот го заврши со само 13 поени.
Во петок навечер Бостон ќе се бори за финале кое би било 22. во нивната историја во која имаат и 18 титули.