Напаѓачот на Милан, Оливие Жиру верува дека „росонерите“ имаат се што е потребно за да ја освојат титулата оваа сезона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
После поразот на Интер во Болоња се зголеми ентузијазмот кај „росонерите“, кои се лидери на табелата и ја имаат судбината во свои раце.
„Мислам дека имаме се што е потребно за да го освоиме Скудетото и нема потреба да го криеме тоа. Сконцентрирани сме на следниот меч со Фиорентина. Интер загуби во Болоња и сега ја држиме судбината во свои раце“.
„Тоа ни донесе поголем ентузијазам и мотивација. Убедени сме дека можеме да ги победиме сите натпревари до крајот. Треба да се сконцентрираме на себе си и на нашиот фудбал“, изјави 35-годишниот напаѓач.