Играчот на Барселона, Сержи Роберто донел конечна одлука да го напушти клубот на крајот на сезоната, пренесуваат каталонските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сержи Роберто го загуби првотимскиот статус и оваа сезона добива многу мала минутажа, а има понуда од ЛА Галакси.
30-годишниот Роберто е дете на Барселона, но неговиот договор истекува на крајот на сезоната и нема најави за негово продолжување.
Роберто е еден од капитените на Барселона, но повторно се повреди, па „Мундо Депортиво“ пренесува дека најверојатно веќе го одиграл последниот натпревар во каталонскиот дрес.