Манчестер Јунајтед е заинтересиран за играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг, пренесуваат шпанските медиуми.
Новиот менаџер Тен Хаг спрема голема реконструкција на тимот, примарна цел ќе биде доведување на квалитетн играч за врска, а најголема желба е токму Де Јонг.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Холанѓанецот одлично го познава Де Јонг бидејќи заедно работеа во Ајакс и плејмејкерот својата фудбалска афирмација ја доживеа токму под негово раководство.
Барселона е во финансиски проблеми, па Јунајтед ќе се обиде до богата понуда да ги убеди Каталонците, иако во моментов тие не сакаат да го продадат 24-годишниот Де Јонг.
Англиските медиуми пренесуваат дека Јунајтед е спремен да понуди и трампа, така што на Камп Ноу ќе го испрати Рашфорд и одредена сума пари за потписот на Де Јонг.