Дома Фудбал Останато Нема да продолжи фудбалот во Украина, Шахтјор е прогласен за шампион

Нема да продолжи фудбалот во Украина, Шахтјор е прогласен за шампион

Фудбалското првенство во Украина и официјално е прекинато.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На 24. февруари како и останатите спортови и фудбалот застана во Украина по нападот од Русија. Ситуацијата во Украина се уште е иста, а не се знае ни кога ќе биде подобро, затоа се донесе одлука дека лигата нема да продолжи.

Конечниот пласман се смета онаков каков што е до тој 24. февруари. За нов шампион е прогласен Шахтјор кој после 18 кола имаше 47 бодови, на второто место заврши Динамо Киев со 45, трет е Дњипро со 40, па Зарја со 36 освоени бодови.

Засега не е познато што ќе биде со новата сезонава и дополнително ќе се носат нови одлуки. Не се знае ниту каква ќе биде ситуацијата со учеството на европските клупски турнири.

ТАБЕЛАТА ВО УКРАИНСКОТО ПРВЕНСТВО

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Џастин Гејчи го шокираше целиот свет и му го промени личниот опис на Топурија (Видео)

Џастин Гејчи го изненади целиот свет. Во брутална борба, една од најголемите досега, која …