Шпанските медиуми пренесуваат дека плејмејкерот на Реал Мадрид, Иско кариерата ќе ја продолжи во Бетис.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Договорот на Иско со Реал Мадрид истекува на крајот на сезоната и тој како слободен агент имаше понуди од многу клубови ширум Европа.




Меѓутоа, Иско се одлучил кариерата да ја продолжи во Бетис и постигнал комплетен договор со клубот од Севиља.




Бетис пред неколку дена го освои Купот на Шпанија, а се уште има шанси да избори пласман во Лигата на шампионите.




„АС“ тврди дека Иско ќе добие двегодишен договор, со кој ќе заработи над 20 милиони евра, со што ќе стане нов рекордер во редовите на Бетис.