Ливерпул се вклучи во трката за францускиот репрезентативец, Орелиан Чаумени, пренесуваат англиските медиуми.
Чуамени минатата сезона се наметна во тимот на Монако, а оваа сезона игра одлично и веќе е стандарден во француската репрезентација.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За Чуамени силен интерес покажува Реал Мадрид, но Ливерпул е спремен да ја победи конкуренцијата и веќе стапил во контакт со неговиот агент.
Монако за слободата на својата ѕвезда бара 60 милиони евра, а „црвените“ се спремни да ја платат таа сума.
Реал во моментов е во пол-позиција за неговиот потпис, но Чуамени не ја исклучува можноста да игра во Премиер лигата.
🚨 Liverpool have made contact with the representatives of Aurélien Tchouameni. Any potential deal is in its early stage but the Monaco midfielder is interested in playing in the Premier League.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) April 26, 2022
(Source: @Santi_J_FM)