Дома Трансфер зона Може да пропадне трансферот на Кеси во Барселона

Може да пропадне трансферот на Кеси во Барселона

Франк Кеси на крајот од сезоната ќе го напушти Милан како слободен агент и постигна комплетен договор со Барселона.

Кеси во Лугано успешно ги поминал медицинските прегледи и се сретнал со претставниците на Барселона со кој ги договорил сите детали од договорот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Кеси ставил и потпис на преддоговор и во Барселона треба да заработува 7 милиони евра по сезона.

Меѓутоа, Каталонците имаат финансиски проблеми и неможат да го регистрираат договорот на Кеси во Ла Лига, па ќе мора прво да ослободат простор за нови играчи.

Агентот на Кеси е фрустриран од таквата ситуација, па каталонски „Спорт“ открива дека би можел да го раскине преддоговорот и да бара нов клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…