Дома Трансфер зона Марез го напушта Сити, има четири понуди на маса

Марез го напушта Сити, има четири понуди на маса

Ријад Марез ова лето најверојатно ќе го напушти Манчестер Сити, а четири европски гиганти веќе ја започнаа трката за неговиот потпис.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Алжирецот, чиј договор со Манчестер сити е со важност до летото 2023 година, се уште нема договорено продолжување на соработката, па „граѓаните“ се спремни да го продадат на лето.

Интерес за 31-годишниот крилен фудбалер покажуваат ПСЖ, Барселона, Милан и Реал Мадрид.

Марез и оваа сезона игра одлично и постигна 23 гола и 8 асистенции на 41 меч, а Сити е спремен да го пушти за 40 милиони евра.

Англиските медиуми пренесуваат дека Милан и Барселона веќе стапиле во контакт со неговиот агент и почнале да работат на трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…