Милан е во потрага по квалитетен напаѓач за следната сезона, кој може да биде долгорочна замена за Златан Ибрахимовиќ.
Прва желба на „росонерите“ е голтерегот на Ајакс, Себастијан Халер, пренесува „Газета дело Спорт“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Халер игра фантастична сезона во Ајакс каде на 38 меча постигна 33 гола, а во групната фаза од Лигата на шампиони постигна 10 гола.
Овој 27-годишен напаѓач претходно беше во Вест Хем, но не се прослави во Премиер лигата, а сега во Ајакс игра во животна форма.
Милан стапил во контакт со неговиот агент и е спремен да понуди 45 милиони евра за неговиот потпис.