Дома Трансфер зона Гнабри разочаран, поголема плата или заминува од Баерн

Гнабри разочаран, поголема плата или заминува од Баерн

Баерн Минхен е блиску до продолжување на договорот со Милер и Ноер, но имаат потешкотии кога се во прашање договорите на Гнабри и Левандовски.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Медиумите тврдат дека Баерн нема да се согласи на зголемување на платата на Гнабри, што значи дека германскиот репрезентативец може да го напушти клубот.

Гнабри има договор со Баерн до јуни 2023 година, доколку клубот не го продаде ова лето, тогаш наредната година тој како слободен играч ќе замине од Минхен.

Со актуелниот договор тој годишно заработува 8 милиони евра. Побарал неговата плата да биде иста како платите на Кингсли Коман и Лирој Сане, кои заработуваат двојно повеќе.

„Размислува за нашата понуда. Кога работите ќе станат јасни ќе ја известиме јавноста“, изјави Оливер Кан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…