Дома Трансфер зона Готово: Ѕвездата на Ајакс се сели во Баерн Минхен

Готово: Ѕвездата на Ајакс се сели во Баерн Минхен

Баерн Минхен постигна комплетен договор со играчот на Ајакс, Нусер Мазрауи, пренесува „Скај Спорт“.

Овој 24 годишен десен бек оваа сезона блеска во дресот на Ајакс па го привлече вниманието на многу европски гиганти.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Неговиот договор со Ајакс истекува на крајот на сезоната, а Баерн Минхен успеа да ја победи конкуренцијата.

Баварците постигнаа договор со неговиот агент Мино Раиола и во наредните денови ќе го комплетираат трансферот.

Мазрауи ќе потпише договор до 2026 година со опција за продолжување на уште една година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…