Дома Трансфер зона „Скај Спорт“: Манчестер Сити ја плаќа клазулата за Халанд!

„Скај Спорт“: Манчестер Сити ја плаќа клазулата за Халанд!

Maнчестер Сити донел одлука да ја плати откупната клазула за Ерлинг Халанд во износ од 75 милиони евра, пренесува утрово „Скај Спорт“.

„Граѓаните“ сакаат да ја завршат работата со Халанд откако го пропуштија Хари Кејн минатото лето. Халанд во својот договор со Борусија има откупна клазула од 75 милиони евра. Реал Мадрид исто така покажуваше интерес за Норвежанецот, но нивни приоритет е Мбапе.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тимот на Пеп во овој момент води во трката за Халанд и ако се случи да платат 75 милиони евра тогаш Борусија ќе нема никакво право да го задржи. Сезонава Сити игра без класичен напаѓач откако си замина најдобриот клупски стрелец, Серхио Агуеро.

Гвардиола минатото лето сакаше да го доведе Хари Кејн од Тотенхем кој и изрази желба да си замине, но на крајот сепак остана во северен Лондон. Кога е во прашање сегашната ситуација Тотенхем не сакал да слушне за продажба на Кејн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Слот пронајде наследник на Салах во Серија А: Ливерпул плаќа 85 милиони евра?

Како што стојат работите Ливерпул направи одличен потег со доведувањето на Арне Слот на кл…