Дома Македонски спорт Maкедонија до 16 години во ефикасен натпревар поразена од Ирска

Maкедонија до 16 години во ефикасен натпревар поразена од Ирска

Младата репрезентација на Македонија до 16 години беше поразена од Република Ирска со 3:2 во еден интересен натпревар со многу пресврти и отворена игра во рамките на меѓународниот турнир Миљан Миљаниќ во Стара Пазова, Србија.

Во првото полувреме видовме по еден постигнат гол во двете мрежи. Противникот во 23. минута од мечот го отвори резултат. Димитриевски постигна гол за израмнување на резултатот. Пропуштивме уште неколку добри прилики за да постигнеме нов гол.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во продолжението од средбата Македонија прави пресврт и поведува со 2:1. Стрелец е Алији во 65. минута. Во 80. минута пенал за Република Ирска и израмнување на резултатот. Во 89. минута, гол на Република Ирска за нов пресврт и победа со 3:2.

Македонија: Спаско Ахтаров, Андреј Велков, Анес Мелиќи, Даниел Коцев, Максимилиан Димитриевски, Никола Манојлов, Фљакрон Мемиши, Никола Стојковски, Мартин Јовановиќ, Нуман Ајетовиќ, Стефан Младеновски;

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…