Договорот на Лука Модриќ со Реал Мадрид истекува на крајот на сезоната, а иако се најавуваше, Хрватот се уште ја нема продолжено соработката со „кралевите“.
Модриќ иако има 36 години игра уште една фантастична сезона, па има понуди на маса, но негова желба е да ја заврши кариерата во Реал Мадрид.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Новинарот на шпански „АС“ Серхио Сантос на објави дека Модриќ има две понуди, но ќе седне на преговори со Реал во наредните денови.
„Продолжувањето на договорот на Модриќ не е потпишано. Планот на Реал Мадрид е да седне со него во наредните недели. Приоритет на Модриќ е Реал Мадрид, но има две понуди од други клубови на маса“, тврди Серхио Сантос.