Италијанските медиуми потврдија дека е постигнат комплетен договор и Дивок Ориги кариерата ќе ја продолжи во Милан.




Ориги на крајот на сезоната ќе го напушти Ливерпул како слободен агент, а пред неколку недели започна преговори со италијанскиот гигант Милан.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
„Росонерите“ се во потрага по напаѓач за следната сезона, а тренерот Пиоли дал зелено светло за ангажман на Белгиецот.




Последните информации се дека двете страни постигнале комплетен договор и Ориги во наредните денови ќе стави потпис.
Белгиецот ќе потпише 3-годишен договор со опција за уште една сезона и во Милано ќе заработува 3,5 милиони евра по сезона.