Ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала е се поблиску до заминување од клубот како слободен агент, пренесува „Газета дело Спорт“.
Денес требаше неговиот агент да се сретне со раководството на Јувентус, но состанокот е одложен во последен момент.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Дибала го загубил трпението и смета дека „старата дама“ нема желба да ги исполни неговите барања, па е спремен да си замине.
Неговиот договор истекува на крајот на сезоната, но двете страни не можат да најдат заеднички јазик околку продолжување на соработката.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека Дибала веќе донел одлука да го напушти Јувентус и е спремен да го слушне понудите од заинтересираните клубови.