Дома Трансфер зона Мурињо го сака дефанзивецот на Барселона

Мурињо го сака дефанзивецот на Барселона

Десниот бек на Барелона, Сержињо Дест би можел да се пресели во Рома на крајот на сезоната, пренесуваат италијанските медиуми.

Дест кај Роналд Куман беше стандарден, додека кај Чави не добива голема шанса, бидејќи не е задоволен од неговата игра во дефанзива и му ја отворил излезната врата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Таквата ситуација сака да ја искористи Мурињо, кој покажува сериозен интерес за Холанѓанецот веќе подолго време.

Рома стапила во контакт со неговиот агент и сака да го донесе на лето, а е спремна да понуди 15 милиони евра за неговиот потпис.

Барселона веќе најде замена и започна преговори за ангажман на Мазрауи од Ајакс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…